Најдобрите македонски тимови
Forum index >> Makedonija >> Најдобрите македонски тимови
 
Posted on 2014-12-07 18:30:53   
Aleksandar MKD
Posts: 15
Оваа тема ја отварам со цел најголемите успеси на нашите тимови да не отидат во заборав после некое време и токму тие успеси да претставуваат поттик за останатите македонски екипи во иднина да ги достигнат и, се разбира, да ги надминат !
Играва е конципирана на тој начин што откако некој ќе се откаже, неговиот тим автоматски се уништува и целиот негов претходен труд е избришан од историјата.
Македонските тимови, за жал, и не се којзнае колку конкурентни и бројни на играва и затоа би сакал најдобрите, односно најпосветените од нас да бидат споменати на некое место.

Па, да започнеме:

--- Во првата сезона на "teamhb" историски успех за нас прави тимот на treska со освојувањето на Балканскиот Регионален Куп, што им гарантира учество во Лигата на Шампионите следната сезона со, за жал, незначителен успех.
--- Следат неколку сезони со многу мал успех на македонските тимови и, според моите истражувања, само екипата на treska успева да стигне до Втората Балканска Лига во четвртата "teamhb" сезона, но отпаѓа по третата сезона во тоа ниво и оттогаш овој тим практично никогаш нема да им се врати на старите успеси.
--- Во меѓувреме неколку тимови кои го содржат името Пелистер успеваат да стигнат само до Третата Балканска Лига и ништо повеќе, освен P e l i s t e r, кој во седмата "teamhb" сезона се пласира во Втората Лига. За жал, отпаѓа од таму веќе следната сезона и многу брзо после тоа згаснува. Третата Балканска Лига ја достигнуваат и тимовите JASHIK и ZajcI. По некое време сите овие клубови згаснуваат.
--- Десеттата сезона на "teamhb" е особено успешна за македонските тимови, поради фактот што и HC Metalurg и мојот тим Macedonian Lions успеваме да се пласираме во Втората Балканска Лига. Macedonian Lions отпаѓа веќе следната сезона, но се враќа во Втората Балканска Лига две сезони подоцна.
--- Минатата, четиринаесетта сезона на "teamhb", ќе се осмелам да кажам дека беше најуспешна во историјата за македонските тимови на оваа игра. Имено, јас со мојот тим Macedonian Lions ја освоивме Втората Лига и се пласиравме во Првата Балканска Лига што не му успеало на ниеден наш тим досега. Исто така, што е многу важно, успеавме да го освоиме и Балканскиот Регионален Куп, што е повторување на успехот на treska од првата година и оваа сезона ќе играме во Лигата на Шампионите.


Macedonian Lions ќе се бори на 3 фронта оваа сезона и се надевам дека повторно ќе освоиме некоја титула, а тука се и тимовите на HC Metalurg кој, според мене, заслужува да игра во Првата Балканска Лига и тимот на Rakometna Akademija кој е со одличен состав и оваа сезона ќе настапува во Третата Балканска Лига и слободно можам да кажам дека моментално е третиот најдобар македонски клуб.
Тука, за жал, завршува листата на подобрите, односно посериозните македонски тимови во моментов. Се надевам дека работите во иднина ќе се променат.

На крајот, ги повикувам сите наши играчи да пишуваат на оваа тема кога ќе направат некој успех за кој ќе оценат дека треба да биде запишен во историјата на играва

Ви посакувам среќа на сите и најважно,се разбира, да се вратиме со злато од Катар во јануари

Last edited on 2015-03-02 at 17:18

Posted on 2014-12-08 10:21:23   
wolfstrix
Posts: 84
Браво, секоја чест за текстов.
Можеш да направиш и еден скриншот од твојата профил страна на тимот каде што се гледаат трофеите и да го постираш тука за поубави сеќавања
Инаку според мое мислење имам дефинитивно најдобар состав сезонава во мојата лига, па ако не се засили некој од другите тимови дополнително би требало следната сезона да бидам во прва лига и јас. Затоа те молам пробај да завршиш во горниот дел на табелата за да имаме Македонско дерби во прва лига
П.С не сум знаел дека победникот од купот игра во ЛШ :/ Како и да е со среќа и таму, растури ги мајсторе

Posted on 2014-12-10 12:48:40   
Aleksandar MKD
Posts: 15
Ќе почекам за скриншот, нека дојде уште некој трофеј тука, па после

Инаку, да бидам искрен, планирав ова да ми биде последна сезона на играва, ама доколку успееш да се пласираш во прва лига, а јас не отпаднам, ти ветувам дека ќе останам уште една, па да видат балканциве право дерби

ПС: Некако во Куп-финале да се паднеме уште оваа сезона би било јако

Posted on 2014-12-10 17:49:55   
wolfstrix
Posts: 84
Дај боже во финале, ајде да видиме

Posted on 2015-04-15 18:58:10   
Aleksandar MKD
Posts: 15
КОНЕЧНО, мојот тим Macedonian Lions е Балкански шампион !!! Во петнаесеттата "teamhb" сезона, со освојувањето на Првата Балканска Лига, ние го направивме најголемиот успех на било кој македонски тим во историјата.

ИСТО ТАКА, ја одбранивме титулата во Балканскиот Регионален Куп, со што станавме првиот македонски тим во историјата на играва што направил еден таков подвиг и воедно ги обединил двете најважни титули на Балканот во една сезона !!! Слободно можеме да се наречеме убедливо најдобриот и најдоминантниот Балкански тим во моментов !!!
НЕКА ВИДАТ КАДЕ СЕ ИГРА НАЈДОБРИОТ РАКОМЕТ ХЕХЕХЕ

УЧЕСТВУВАВ и во Лигата на Шампионите каде завршив со скор од 3 победи 1 реми и 3 порази, што секако беше недоволно за пласман на првата позиција во групата, што носи во големото финале. Сепак, реалноста е дека во моментов, најдобрите тимови од другите европски региони на "teamhb" се за нијанса поквалитетни од Балканските. Сепак, го држам македонскиот рекорд за најмногу освоени бодови во Лигата на Шампионите, со дури 1 повеќе од treska, единствениот друг македонски тим што досега стигнал во групите од ЛШ


Вреди да се спомене дека оваа сезона беше особено успешна и за нашиот HC Metalurg кој конечно обезбеди пласман во првата Балканска Лига! Исто така, одлично се држеа во Купот, каде во полуфиналето ја загубија битката со мене

Posted on 2015-04-15 20:04:48   
Aleksandar MKD
Posts: 15
ОДЈАВА !!!

Во животот, се има свој почеток и свој крај. Така, и мојот престој на играва, односно менаџирањето на Macedonian Lions е на крајот на патот. По 4 години, 3 месеци и 12 дена (регистриран сум на 03.01.2011), решив дека е време за пензија. Тоа, реално, е долг период за кој некои од нас пораснаа, а други малку остареа и период во кој непрекинато играв и се забавував со "teamhb".
Мое мото е дека никогаш не треба да се откажеш од остварувањето на својот сон, а јас мојот "teamhb" сон го ОСТВАРИВ !!!
Си заминувам како Балкански Првак, односно освојувач на титулата во Првата Балканска Лига и како Балкански Куп освојувач во мојата последна сезона. Си одам кога сум апсолутно на врвот, нешто како Сер Алекс Фергусон хахахаха

На играва запознав голем број одлични луѓе, луѓе кои на почетокот ми пружаа поддршка, луѓе на кои им помагав јас, а најмногу чесни ракометни противници и ривали.
Имаше се, победи и порази, радост и тага, остварувања и разочарувања. Се што постоеше во мојот тим во оваа игра, се разбира, е составен дел и од вистинскиот ракометен спорт, а и од животот.

Да не должам многу, ГОРД сум дека бев селектор и на македонската ракометна "teamhb" репрезентација во неколку мандати. Најголемиот успех ми беше пласманот на Светското Првенство, за повеќе нека се потруди некој друг и особено со некои подобри играчи кои, за жал, во моментов, а и во минатото, ги немавме

На клупски план, со мојот Macedonian Lions ги освоивме следниве титули (на почетната страна на мојот тим можете да ги видите како изгледаат тие трофеи):
--- Петта Балканска Лига (Div.V.20) во мојата трета сезона на играва а вкупно шеста "teamhb" сезона ;
--- Четврта Балканска лига (Div.IV.7) во мојата четврта, а вкупно седма "teamhb" сезона ;
--- Трета Балканска Лига (Div.III.3) во мојата седма, а вкупно десетта "teamhb" сезона ;
--- Трета Балканска Лига (Div.III.4) во мојата десетта, а вкупно тринаесетта "teamhb" сезона (играв повторно во трета лига, затоа што претходно отпаднав од втората);
--- Втора Балканска лига (Div.II.2) и РЕГИОНАЛЕН БАЛКАНСКИ КУП во мојата единаесетта, а вкупно четиринаесетта "teamhb" сезона ;
--- ПРВА БАЛКАНСКА ЛИГА (Top Div.) и РЕГИОНАЛЕН БАЛКАНСКИ КУП во мојата последна дванаесетта, а вкупно петнаесетта "teamhb" сезона.


Се надевам и знам дека има македонски тимови кои во иднина ќе го достигнат и ќе го надминат мојот успех, особено во Лигата на Шампионите, каде учествував со просечни резултати во мојата последна дванаесетта, а вкупно петнаесетта "teamhb" сезона. Имам обезбедено пласман во ЛШ и за наредната сезона, но, како што кажав неколку пати претходно, следна "teamhb" сезона за Macedonian Lions нема да има !

Имав неколку постови посветени на најдобрите македонски тимови на играва, можеби заборавив да кажам нешто за другите па и за себе, но знајте дека секогаш и за се околу играва давав се од себе.
Кога некој ќе го прочита ова можеби ќе си рече дека си давам преголемо значење, не знам, можеби ќе биде и во право, но не сакам да бидам скромен, моите резултати покажуваат дека јас сум моментално најдобриот македонски тим и најдобриот македонски тим во историјата на играва до овој момент. Повторно ќе кажам, се надевам дека ќе бидам надминат од некој поголем тактичар, а пред се ентузијаст од мене


На крајот, еден аплауз за мене и мојот тим хехехехехе

Поздрав,
Aleksandar MKD, менаџер на Macedonian Lions

Posted on 2015-04-17 23:02:12   
wolfstrix
Posts: 84
Секоја чест!
Forum index >> Makedonija >> Најдобрите македонски тимови