ВАЖНО! Каква формација треба да изберете!
Forum index >> Makedonija >> ВАЖНО! Каква формација треба да изберете!
 
Posted on 2016-04-09 0:00:05   
wolfstrix
Posts: 84
Вие како менаџер на тимот можете многу да им ја олесните работата на играчите на теренот со тоа што ќе ја изберете соодведната формација! TeamHB е направена на тој начин што секоја формација е ефикасна САМО ПРОТИВ 1 стил на напад, односно ранлива исто така САМО ПРОТИВ 1 стил на напад. Доколку гледате од друг аспект секој стил на напад е ефикасен и ранлив против само 1 формација. Јас како МК Администратор лично се заложив да им ја олеснам работата на Македонските менаџери така што ќе ги објавам јавно предностите и слабостите на секоја формација. Многу битно е да проверите вашиот иден противник со каква формација и каков стил на напад ги играл претходните натпревари. До сега беше многу лесно да ја видите формацијата на двата тимови после завршување на натпреварот, но од денеска решив да им помогнам на останатите менаџери со тоа што ќе можат да видат со каков Стил на напад бил одигран одреден натпревар!
Откако ќе го отворите одиграниот натпревар и ќе кликнете на СИТЕ НАСТАНИ, на некои од настаните ќе видите во заграда и со здебелени букви пишува со кој Стил на напад игра тимот. Доколку повеќе натпревари ги игра со иста формација и стил на напад лесно можете да изберете формација со која што ќе можете да го "суредите". ВНИМАВАЈТЕ формацијата и стилот на напад што ќе го изберете треба да ви биде добро истрениран!!! Во продолжение ви ги приложувам предностите и слабостите на сите формации:

Дриблинг - ефикасна против 4-2 - ранлива против 6-0
Скок шут - ефикасна против 6-0 - ранлива против 3-3
Играј на влез - ефикасна против 3-3 - ранлива против 5-1
Вкрстување - ефикасна против 5-1 - ранлива против 3-2-1
Играј на пикер - ефикасна против 3-2-1 - ранлива против 4-2

6-0 - ефикасна против Дриблинг - ранлива против Скок шут
5-1 - ефикасна против Играј на влез - ранлива против Вкрстување
4-2 - ефикасна против Играј на пикер - ранлива против Дриблинг
3-3 - ефикасна против Скок шут - ранлива против Играј на влез
3-2-1 -ефикасна против Вкрстување-ранлива против Играј на пикер


Овие информации им се достапни само на оние кои ја играат играва на Македонски јазик. Останатите нека му ја мислат
Одиме заедно кон успех!
Forum index >> Makedonija >> ВАЖНО! Каква формација треба да изберете!